Пилот и онлајн обука
Курс за јакнење на капацитетите за Социјално претприемништво кон Оддржлив Развој. Курсот ќе ни претстави податоци за политиките низ цела Европа и ќе покрие широк спектар на примери од различни видови на иницијативи за социјално претприемништво. Ќе трае приближно 30 часа во 6 модули, вклучувајќи водичи, вежби и студии на случај. Курсот ќе биде дигитализиран преку снимени предавања и онлајн групни дискусии.
Курсот ќе биде готов во Октомври 2021.
Eвропска работилница во Литванија
ТАVО Еуропа ќе биде домаќин на 5-дневна обука за млади во Март, 2022 година, со по 2 учесници од секоја партнер земја. Целта е младите луѓе кои се стремат да бидат социјални претприемачи, да разменат искуства и да го збогатат своето разбирање за тоа како функционираат социјалните претпријатија. Методологијата на обуката ќе се базира на врсничко учење, учење преку проблем, тимска работа, групна и индивидуална рефлексија. Обуката ќе вклучи посета на локално Социјално Претпријатие(а) и организации кои поддржуваат млади, изработка на Социјален Бизнис План, презентација на идеи , проследено со сесии за менторирање.